ВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите бараат помош од Али Ахмети

Игор Мирчески од ИО со отворено писмо до Ахмети-Ве повикуваме помогнете, а ние ќе ви возвратиме знаете кога и знаете како.

Тутунарите од Иницијативниот одбор денеска упатија отворено писмо до лидерот на ДУИ , Али Ахмети со повик да ги поддржи тутунопроизводителите и да помогне во решавање на нивниот проблем.

Игор Мирчески, еден од предводниците на тутунарите од ФБ Групата „Македонски тутунари“ пишува дека ни една изјава досега не чуле од Ахмети во заштита на земјоделците.

-Господине Ахмети, дали на вас како лидер на партија која се одржува на власт 20 години ви требаат земјоделци, и дали сте слушнале за нивните проблеми? Во случајот конкретно за тутунарите кои во огромен број се и ваши гласачи. Познат сте по тоа дека без ваша дозвола Владата па и Парламентот не можат да донесат одлуки и закони без ваш амин. Каде е тука вашата заложба и придонес за заштита на земјоделците, конкретно сега за тутунарите? Земјоделците не се само во Прилепско, ги има и во Скопско, Велешко, Тетовско, Гостиварско, Битолско, Дебарско, на секаде во државата. Ни еден коментар, ни една изјава не сме слушнале , ниту од вас ниту од вашиот прв вицепремиер, во заштита на земјоделците. Ве повикуваме помогнете, а ние ќе ви возратиме знаете кога и знаете како, стои во отвореното писмо на Мирчески.

А.Б

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close