fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовска: Нема промени во државната поддршка на земјоделскиот сектор преку ИПАРД програмата

ИПАРД 3 се средства кои се добиени до 2027 година и нивното користење НЕ зависи дали ќе има избори или промена на Влада.

ИПАРД 3 се средства кои се добиени до 2027 година и нивното користење НЕ зависи дали ќе има избори или промена на Влада. Финансиската спогодба е потпишана, мерките се акредитирани и нема реакредитација со секоја нова Влада. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 Програма изнесува 97 милиони евра. Станува збор за европски неповратни средства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Со оглед на тоа дека управувањето со овие средства е под контрола на нашата држава, за Брисел е важно тие правилно да се користат, да нема злоупотреби и да придонесат за македонскиот агрокомплекс.

Првите 30 милиони евра веќе беа ставени на располагање за инвестиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7. Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка  и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби. Мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам,

Потсетување дека во тек е повик за Мерка 3 – инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.

Крајниот рок за поднесување на барањата е 28.05.2024 година. Сите заинтересирани фирми да не ја пропуштат можноста да аплицираат затоа што има фонд од 14 милиони евра и шансите за добивање на грант се големи.

Фејсбук статус на Ленче Николовска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close