fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Николовски-300 % се зголемени субвенциите за ориз, 25.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал

 Поддршка за набавка на комбајни и сушари.

Како министерство заедно со оризопроизводителите направивме многу изминативе години.
300 % се зголемени субвенциите за ориз, 25.000 денари по хектар со употреба на сертифициран семенски материјал, објави министерот Љупчо Николовски.
Оризопроизводителите како и сите други авансно ги добија своите субвенции.
И оваа година бележиме висока откупна цена на оризовата арпа од 38 до 40 денари по килограм.
Македонскиот ориз како важна култура го заштитивме од увоз, со предвидена 35% заштитна царина.
Даваме поддршка во трошоците за амбалажа за извезен ориз.
Од оваа година како што ветивме 100% поддршка зелена нафта, а оризопроизводителите ќе добијат 3.200 денари по хектар.
 Поддршка за набавка на комбајни и сушари.
Извозот на ориз за 2023 е над 7 милиони евра, за разлика од 2016 година кога е 3 милиони евра.
Го вративме земјоделското земјиште во владение на Институтот за ориз, и е обезбеден соодветен кадар, со што продолжи професионално со својата истражувачка дејност.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close