Расте интересот кај земјоделците за здружување во задруги

(Oвој напис е објавен на: March 7, 2018)

zemja

Се поголем е бројот на земјоделци кои нивната перспектва ја гледаат во здружувањето. Наместо сами  голем дел од нив одлучуваат да настапат организирано преку земјоделски задруги.

Официјалните бројки на асоцијацијата на земјоделски задруги покажуваат дека минатата година биле формирани нови 16 задруги што според нив е зголемување за околу 40% во однос на претходната година. Од асоцијацијата велат дека сето тоа е резултат на поголемата свест кај земјоделците дека само здружени и организирано многу полесно ќе настапат на сите полиња.

-Поуспешни ќе бидат како една целинка, а не како индивидуалци земјоделци кои се секаде слаби, во секое поле, дали во понудувачка на пазар, дали за побарувачка на репроматеријали , на секое поле се поразединети, послаби, вели Драги Памуков – аcоцијација на земјоделски задруги.

Досегашните искуства од здржувањето покажале дека задругарите имаат многу пониски производствени трошоци, но и полесен пласман.

-Еден земјоделец да ангажира  еден агроном му е скапо, а 20 земјоделци или десет земјоделци да ангажираат еден агромом ќе им биде поефтино као прво. Второ, во секое време ќе има советодавни услуги, набавка на репроматеријали на база на заедничко набавување, вели Памуков.

Според асоцијацијата ваквиот позитивен тренд  на здружување се очекува да продолжи и во текот на оваа година. Веќе било  најавено формирање на уште 12 нови задруги  со што вкупната бројка на ниво на држава би се искачила на 50 земјоделски задруги .


 

сител

Share Button