
Објавен Повик за модернизација во земјоделието – АгроСмарт
Прочитајте!-Краен рок за достава на пријавите за грант е 18 декември 2023 година, 16:00 часот по локално време.
Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) во име на проектот финансиран од Европската унија „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ објави Повик за финансиска поддршка за модернизација во земјоделието за: А) Промовирање на иновативни инвестициски проекти во земјоделството, шумарството и земјоделско-прехранбената индустрија, Б) Подобрување на конкурентноста преку унапредување на соработката меѓу земјоделците во Североисточниот, Полошкиот, Југозападниот плански регион и Преспанскиот регион.
Повеќе информации за повикот, деталните упатства и потребните обрасци за аплицирање можете да ги преземете на следниот линк: https://mrfp.mk/mk/vesti-i-javnost/oglasi/301-povik-za-dodeluvanje-na-grantovi-agrosmart-razvoj-na-moderno-i-odrzhlivo-zemjodelstvo.html
Краен рок за достава на пријавите за грант е 18 декември 2023 година, 16:00 часот по локално време.
Вкупниот индикативен износ на инвестициските акции поддржани во рамките на овој повик за поднесување финансиска поддршка е 23.494.845 денари. Секоја инвестициска акција во рамките на овој повик за финансиска поддршка мора да се движи помеѓу следниот минимален и максимален износ:
· минимален износ: 1.230.000 денари
· максимален износ: 2.460.000 денари
За овој повик ќе се одржат информативни сесии. Точниот распоред и локации на информативните средби е следниот:
Ø Преспански регион
– 06.11.2023 г. (понеделник), почеток во 11:00 ч., Општина Ресен (општинска сала),
Ø Југозападен регион
– 06.11.2023 г. (понеделник), почеток во 13:00 ч., Општина Охрид (општинска сала),
– 06.11.2023 г. (понеделник), почеток во 16:00 ч., Општина Струга (општинска сала),
Ø Североисточен регион
– 07.11.2023 г. (вторник), почеток во 11:00 ч., Општина Ранковце (општинска сала),
– 07.11.2023 г. (вторник), почеток во 14:00 ч., Крива Паланка, (Europe House – Крива Паланка),
– 10.11.2023 г. (петок), почеток во 13:30 ч., Општина Куманово (кружна сала, поранешен Комитет),
Ø Полошки регион
– 09.11.2023 г. (четврток), почеток во 11:00 ч., Општина Боговиње (општинска сала),
– 09.11.2023 г. (четврток), почеток во 14:00 ч., Општина Гостивар (општинска сала).
Проектот „АгроСмарт – Развој на модерно и одржливо земјоделство“ е финансиран од Европската унија, а е спроведуван од МРФП во партнерство со Хемера и ЦЕП Можности.