fbpx
Вести

Николовски: Искористувањето на ИПАРД Програмите e еден од главните приоритети на МЗШВ, со цел приближување до европскиот аграр

ipard

Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски, денеска во Охрид, присуствуваше на Работилницата за имплементација на ИПАРД Програмите, на која што присуствуваа првите луѓе од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri) и од Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG, како и директори и претставници на Платежните агенции од Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово.

Оваа работилница се одржува во период кога сите предлози и забелешки се добредојдени за подобра реализација на ИПАРД Програмите. Работилницата е во организација на Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија и Постојаната работна група за регионален рурален развој – SWG.

Претставниците од Платежните агенции од Хрватска, Турција, Црна Гора, Србија, Албанија и Косово, на работилницата ги презентираа своите искуства во користењето на европските фондови, проблемите со кои се соочуваат, но и изнесоа предлози за поефикасна искористеност на ИПАРД Програмите.

Министерот Николовски ги посочи искуствата на Република Македонија во користењето на европските фондови, потенцирајќи дека се направени  анализи, детектирани се слабостите и веќе се адресираат за решавање со цел да не се повторат истите грешки и во искористувањето на  ИПАРД II.

„Едно од горливите прашања во ИПАРД е соодветна екипираност на надлежните институции односно на Платежната Агенција и Телото за управување со ИПАРД. Владата на Република Македонија  го детектираше овој проблем и веќе во тек е процесот за првите нови вработувања и кадровска екипираност на Платежната Агенција и на Телото за управување со ИПАРД. Пред Платежната Агенција и пред Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство стои голем предизвик со реализација на ИПАРД II. На првиот јавен повик од ИПАРД Програмата 2014-2020 кој беше реализиран лани, имаме рекордно голем број на добиени барања за ко-финансирање од ИПАРД. Пристигнати се  1.649 барања и побарани над 55 милиони евра за ко-финансирање, а целата ИПАРД Програма 2014-2020 која може да се користи до 2023 година изнесува 60 милиони евра. Пред нас е предизвикот да се обработат сите барања и да се потпишат договори со корисниците, и оваа година да имаме исплати, за што . Платежна Агенција прави големи напори за да се забрза овој процес“, изјави министерот Николовски.

Програмата ИПАРД 2007-2013, или т.н ИПАРД 1, заврши, последните исплати кон крајните корисници се реализирани и според податоците беа составени 3.069 барања за користење на ИПАРД средства, а се исплатија  1.052 барања, во вредност од 16 милиони евра.

Министерот Николовски потенцираше дека Владата континуирано ќе преземама мерки кои ќе го помагаат процесот на поголема искористеност.

„Еден од проблемите со кој се соочуваат потенцијалните корисници на ИПАРД Програмите е недостаток на средства за реализација на инвестицијата,  и затоа Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со другите институции забрзано  работи на воспоставување на механизам, односно  гарантен фонд, кој би овозможил предфинансирање не само за ИПАРД Програмите,  но и за генерирани инвестиции во агро-бизнис секторот“, изјави министерот Николовски.

Воедно министерот Николовски, денеска имаше и работен состанок со првите луѓе од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој на Европската унија (DG Agri), на кој што се разговараше за статусот и динамиката на примените апликации на последниот повик за ИПАРД. Министерот Николовски најави зајакнување на капацитетите на Платежната агенција, се со цел поефикасно контрактирање и исплаќање на корисниците. До крајот на месецот, МЗШВ ќе испрати пакет со измени на ИПАРД Програмата,  со што ќе се симплифицираат условите и критериумите за аплицирање и ќе се  предложи во Програмата да влезат две нови мерки, односно мерки за  Советодавни услуги и ЛИДЕР пристапот.


 

мзшв.гов

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close