Николовски-Младите фармери ќе добијат 40% аванс за стартап грантовите од 20.000 евра
Преку ребалансот обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд поддршка и за есенска сеидба, поддршка за производство на стратешки култури, зголемена поддршка за заклани јагниња, гоеници и несилки, како и поддршка за млекото и вино, вели Николовски.
Измените на законот за земјоделство и рурален развој за прв пат воведуваат можност за авансна исплата на субвенциите од оваа година. За прв пат во 2022 година ќе се исплатат субвенции од програма од 2022 година. Младите фармери ќе добијат 40% аванс за стартап грантовите од 20.000 евра, а отвараме можност и за кофинансирање на зелена нафта до 100%, рече министерот Љупчо Николовски.
Во улови на криза обезбедуваме поддршка за секој земјоделец. Подготвивме Национален план за производство на храна каде со конкретни интервентни мерки го помагаме домашното производство.
“Преку ребалансот обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд поддршка и за есенска сеидба, поддршка за производство на стратешки култури, зголемена поддршка за заклани јагниња, гоеници и несилки, како и поддршка за млекото и вино. Интересот кај земјоделците е голем и токму затоа очекуваме постигнување на нашата зададена цел. Како што пред 3 години успеавме да го зголемиме произвидството на јачмен, ќе успееме и сега да го дуплираме производството на сончогледот, пченката и пченицата, а со тоа и да ја намалиме увозната зависност“ изјави министерот Николовски.