fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Младите земјоделци се нашата мотивација, интересот за мерките кои ги нудиме е се поголем

Инвестирањето во вистинските млади земјоделци е наш стратешки пристап, се со цел да се развива и модернизира секторот земјоделство, порачува министерот Љупчо Николовски.

-Младите земјоделци се нашата мотивација, интересот за мерките кои ги нудиме е се поголем кај нив. Поддршката која ја даваме на младите земјоделци да започнат свој бизнис преку неповратни грантови вродува со успех. Заинтересираноста на младите токму за земјоделскиот сектор е и европски тренд, кој е тесно поврзан со зголемување на свеста за значењето на животот во здрава и еколошка средина и препознавање на земјоделското производство како профитабилен бизнис. Инвестирањето во вистинските млади земјоделци е наш стратешки пристап, се со цел да се развива и модернизира секторот земјоделство, порачува министерот Љупчо Николовски.

Со буџетот за 2023 година обезбедуваме средства за најголемата реформа во земјоделството преку поддршка на малите семејни бизниси и малите семејни винарии, капитални водостопански инвестиции, модернизација на македонското земјоделство и нашиот главен приоритет, пошумување и обнова на шумскиот фонд, напиша Николовски

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close