Агро бизнисБез категоријаВести
Николовски најави-До 15 март следи целосна исплата на сите основни субвенции
Субвенциите за земјоделците никогаш не биле побрзо, и по навремено исплаќани.
Министерот Љупчо Николовски во интервју за „Слободен печат“ најавеи дека до 15 март следи целосна исплата на сите основни субвенции.
-Субвенциите за земјоделците никогаш не биле побрзо, и по навремено исплаќани.
За споредба – од 2014 до 2016 година се исплатени околу 290 милиони евра за субвенции, а во овие 3 години се исплатени 360 милиони евра за субвенции, само по една програма за директните плаќања. Тоа е 70 милиони евра повеќе и тоа во период на ковид криза, во период на инфлација.
Да се потсетиме на едно време кога се чуваа субвенциите и се исплаќаа два дена пред избори. Денес тоа го немаме.
Ние за прв пат во 2023 година воведовме авансна исплата, за прв пат 55.000 земјоделци во тековна година ги добиваат субвенциите за истата година. Денеска со едно решение, имаме брза, навремена и предвремена исплата. Може да најавам дека до 15 март следи целосна исплата на сите основни субвенции, објави Николовски
.