Николовски најави реформи во субвенционирањето во пчеларството
Тоа е потребно за професионалните пчелари да добијат поголема поддршка, како и да се откријат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција меѓу пчеларите.
Нов начин на субвенционирање кај пчеларите најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Според него, тоа е потребно за професионалните пчелари да добијат поголема поддршка, како и да се откријат манипулациите поради кои има нелојална конкуренција меѓу пчеларите.
-Државата дава сериозна поддршка на пчеларите. Мора да бидеме одговорни со парите на граѓаните, пчеларите да добијат субевцнии. И затоа сега зборуваме за праведен и реален модел на субвенции. Тоа значи дека вистинските пчелари ќе добијат поголема поддршка и повеќе средства, но мора да ги октриеме манипулациите и злоупотреби што се прават во системот. Здруженијата даваат најдобри предлози и идеи, како да го реформираме и реорганизираме моделот на субвенционирање во пчеларството затоа што се повеќе пари даваме, а се помалку мед гледаме. Така што, мора да ги постигнеме ефектите со средствата што државата ги обезбедува, изјави министерот Николовски од Тетово каде беше на натпревар за квалитет на мед.