fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Николовски – Намалени субвенции за крави и укината мерка за јагниња

Нема зелена нафта- најпотребна во време на сеидба и жетва.

Министерот Трипуновски, како и секогаш – со закани наместо со решенија, без ниту една нова мерка, без закони, без визија за македонското земјоделство, обвини Љупчо Николовски екс министер за земјоделие.
– Наместо реформи гледаме укинати програми и мерки. Укинати програмите за малите производители, намалени субвенции за крави и укината мерка за јагниња, укинат и новиот модел на субвенции кадешто земјоделците за првпат авансно ги добиваа своите средства.
– Нема зелена нафта- најпотребна во време на сеидба и жетва.
– Нема свежо овошје за децата – ни една набавка не е започната, сезоната поминува.
– ИПАРД 3 – на работ на пропаст -Наместо борба за секое евро од европските фондови – партиски вработувања и нефункционален SAP систем како и без значајна реализација. Од регионални лидери до уништени институции за само една година.
А земјоделците? Повторно оставени сами.
Минатата година Министерството беше лидер по транспарентност и отчетност – годинава го нема ни на мапа. Од пример за интегритет, стана симбол за игнорирање на обврски и граѓани.
За првпат е поднесено официјално барање до Премиерот за разрешување на негов Министер. Се надевам, за доброто на земјоделците, ова барање ќе биде прифатено.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close