fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Новиот модел на субвенционирање е дел од најголемата земјоделска реформа

Основна субвенција за сите земјоделци која авансно ќе биде исплатена и дополнителна субвенција за оние кои обработуваат значајни култури.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека во 2022 година и во услови на криза, преку конкретни мерки е зголемено домашното производство на храна. За оваа година Николовски најави реформи во системот на субвенционирање во земјоделието.

„Новиот модел на субвенционирање е дел од најголемата земјоделска реформа, со која обезбедуваме побрз, поефективен и поефикасен модел за субвенционирање со што ќе го зголемиме домашното производство на храна. Основна субвенција за сите земјоделци која авансно ќе биде исплатена и дополнителна субвенција за оние кои обработуваат значајни култури. Како земја лидер по искористеност на ИПАРД 2 програмата, добивме за 62% зголемен буџет со новата ИПАРД 3 програма, односно 97 милиони евра наменети за модернизација и инвестиции во наредните 7 години“, истакна министерот Николовски на неодамна одржаниот настан „Рамномерен регионален и локален развој и придобивки од новиот систем за субвенции во земјоделство“ што се одржа во рамки на годишната конференција „Година на нови можности”..

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close