fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-Обезбедуваме 600.000 денари поддршка за набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг

Грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и пакување за мали семејни винарии со капацитет до 50.000 литри.

Денеска, во просториите на здружението Алијанса Премиум, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, ги презентираше новите програми за мали производители на храна и пијалоци пред присутните членови на алијансата.

 

Токму малите семејни производители се во фокусот на земјоделската реформа која почнува од оваа година, откакко на вчерашната владина седница беа усвоени новите програми наменети за поддршка на малите производители на храна и пијалоци. Министерот Николовски, денеска на членовите на Алијанса Премиум, лично им ги презентираше можностите  кои ги нуди државата  со новите програми, со цел да им помогне да го развиваат својот бизнис, да набавуваат нова опрема и да создаваат нови брендови.

 

Преку Програма за финасиска поддршка на мали производители на храна, овозможена е поддршка во форма на неповратен грант до 600.000 денари за поддршка во набавка на опрема за производство, пакување и продажба од праг. 

Наша цел е преку оваа програма да мотивираме нови 2.000 земјоделци, кои веќе произведуваат некаков традиционален производ, да се регистрираат во АХВ и легално да можат да го вршат прозиводството, но и продабжата на истиот производ развивајќи го концептот за продажба од праг или фарма. Оваа програма е креирана по примерот на програмата за мали семејни винарии, што се покажа како многу успешна приказна, која ни потенцираше дека има многу мали семејни производители кои се заинтересирани да го шират бизнисот, но им треба финансиска поддршка од државата. По успешноста на програмата за поддршка на малите семејни винарии, минатата година им беше доделен грант до 600.000 денари на 59 мали винарии, со новата програма одиме чекор понатаму и ги поддржуваме малите прозиводители на храна“ рече министерот Николовски во своето обраќање пред присутните.

Корисници на средствата можат да бидат земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во МЗШВ и кои се регистрирани или евидентирани како оператори со храна, од животинско или неживотинско потекло согласно Правилнииците за отстапувања од посебните мерки за хигиена за малите бизниси, начинот и барањата што треба да ги исполнат при директно снабдување со храна од страна на производител до краен потрошувач, условите за просториите, материјалите, инструментите и опремата во објектите кои произведуваат, како и начинот на производство на храна со традиционални карактеристики. Прифатливи трошоци по корисник се трошоци за набавка на опрема за производство на храна (доработка и преработка на примарни земјоделски производи) и/или трошоци за ангажирање на стручно лице (технолог за производство на храна), кои што не надминуваат 10% од вкупниот износ од висината на финансиската поддршка по корисник.

Успешната приказна на Програма за финасиска поддршка на мали семејни винарии, ќе продолжи и оваа година, со грант до 600.000 денари за набавка на опрема за производство и пакување, за мали семјени винарии со капацитет до 50.000 литри.  Благодарение на олеснувањето при нивната регистрација, од 2019 година до денес имаме регистрирани 113 мали семејни винарии, а со поддршката која им ја даваме очекуваме поголем развој на постоечките и мотив за регистрација на нови мали семејни винарии.

Новина е тоа што од оваа година ќе започне реализацијата на Програмата за поддршка за мали дестилерии. Преку оваа програма, обезбедуваме поддршка до 300.000 денари по корисник за поддршка при набавка на опрема за производство на жесток алкохолен пијалок, а корисници можат да бидат земјоделци мали производители на жестоки алкохолни пијалоци регистрирани во Електронскиот регистар на одобренија за мали производители на пиво, вино, етил алкохо и жестоки пијалоци и кои се евидентирани како акцизни обврзници во Царинската Управа и секако запишано во ЕРЗС ситемот на министерството. 

Уште една нова мерка ќе стартува од оваа година преку Програмата за рурален развој, е мерката наречена „Бизнис план во земјоделството“. Со оваа нова мерка, земјоделците добиваат можност сами да одберат за каква инвестиција ќе аплицираат на повик кој ќе биде отворен во текот на целата година. Се што треба да направат е да подготват бизнис план и со него да аплицираат за грант до 600.000 денари, тогаш кога ќе бидат подготвени, без да брзаат и без ограничувања со рокови за аплицирање.

Сите овие можности, денеска им беа презентирани на членовите на Алијанса Премиум, кои се мали производители и кои настапуваат под заеднички бренд. Вака здружени, полесно се пробиваат на пазарот дома но и во странство. Сега, со нашата поддршка, преку новите програми наменети токму за мали бизниси, ќе добијат финансиска поддршка од државата со која ќе можат да се развијат уште повеќе, да го зголемат производството, да вработат повеќе луѓе, да оставруваат поголем профит и крајно да придонесуваат за домашната економија.  

Палетата на производи од брендот „Премиум“ содржи природно ладно цедено сончогледово масло, намаз од афион со сончогледов путер, ладно цедено масло од бело афионово семе, охридско макало со магданос, доматно макало со лук, сецкан сушен домат, ладно цеден сок од аронија, ладно цеден сок од аронија и грозје, ладно цеден сок од аронија и јаболко, органски путер од лешник со мед и какао, кралски крем, путер од лешник и мед, органски шумски мед, органски шумски мед со полен, органски чаеви, слатко од зелени смокви, гемиџиски ајвар, тартуф, балсамиран оцет од модри сливи и јаболков оцет, како и гроздов маџун, но и има и козметичка линија со повеќе видови рачно изработени природони сапуни. Голем дел од овие брендови, со финансиска поддршка од Министерството, ја претставуваа нашата држава на речиси сите домашни и странски саеми, со што им овозможивме отоврање на нови можности и нови пазари за нивнот прозивод. 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close