fbpx
Вести

Овошјето од Србија поминува шест контроли кога влегува на рускиот пазар

Министерот за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, изјави денеска дека е во постојан контакт со руските колеги поради појавата на габи на еден контингент праски и нектарини од Србија, дека е воведен привремен мониторинг на тоа овошје и дека очекува извозот да продолжи по завршувањето на сите анализи.

Тој за ТВ „Пинк“ изјави дека таквите работи се случуваат, особено кога е дождливо и ако транспортот трае подолго.

Министерот потсети дека извозот на праски е при крај, дека треба да се достават само оние што подоцна созреваат и дека во Русија се извезени 40 тони овошје со добар квалитет.

– Имавме нешто слично со крушите, сега сè е во ред. Рускиот пазар е присутен во 100 земји и има строги контроли. Нашето овошје поминува шест контроли, како да поминуваме низ сериозни квалификации за Лигата на шампионите, но цената е добра. Русите се грижат за нивниот пазар – рече Недимовиќ.

Тој додаде дека Србија мора да го земе предвид технолошкиот процес од овоштарниците до ладилниците и од ладилниците до пазарот.

– Не велам дека е добро тоа што се случи, но ние треба да ја зголемиме свеста да праќаме само квалитетна стока – објаснува тој.


 

makfaks.com.mk

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close