Николовски објави-ОДЛУКА за продолжување на рокот на Јавен повик 01/2023 за доставување на барање за користење за на средства од ИПАРД
По барање на земјоделците се продолжува рокот за 15 дена на јавниот повик. Крајниот рок е 3 октомври 2023 година.
Врз основа на член 6, став 5 и член 12, став 1, алинеја 7 од Законот за основање на Агенција за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој (,,Службен весник на Република Македонија” бр.72/07, 5/09, 43/14, 193/15, 39/16и 164/18) а во врска со член 6, став 4 од Уредбата за начинот и постапката за користење на финансискаПоддршка за мерките за рураленразвој финансирани одПрограмата ИПАРД 2014-2020, директорот на Агенцијата за финансиска подршка во замјоделството и руралниот развој ја донесе следната одлука:
за продолжување на рокот на Јавен повик 01/2023 за доставување на барање за
Член 1
Оваа одлука се однесува наЈавен повик 01/2023 за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Член 2
Рокот за доставување на барања се продолжува за 15 дена.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзиното донесување.