Николовски од Берлин: Идните политики на Владата се во насока на развој и инвестиции во сточарството
На денешната пленарна сесија во рамки на „Глобалниот форум за храна и земјоделство“, во Берлин, со присутните 70 министри за земјоделство, ги усвоивме заедничките заклучоци од официјалниот извештај-#Коминике2018, а кои се однесуваат на иднината на сточарството, неговата одржливост, одговорност и ефикасност.
Министерите за земјоделство од целиот свет беа согласни дека сточарското производство на глобално ниво ќе треба да одговори на зголемената побарувачка на ефикасен и одржлив начин и ќе мора да ја подобри профитабилноста на фармерите.
Идните политики на Владата на Република Македонија, се во насока на развој и инвестиции во сточарството, како гранка која што има сериозна улога во борбата против гладот и сиромаштијата. Фокусот го ставаме на мерките за поддршка на младите земјоделци, кои ќе имаат влијание врз подобрување на животниот стандард.