вестиМакедонијаТоп вести

Во Чешка до 2027 година најмалку 85% од храната мора да е од домашно потекло

Во Чешка до 2027 година најмалку 85 проценти од прехранбените производи на полиците во продавниците мора да бидат со чешко потекло, предложи владеачката партија.

Бизнисот со големо незадоволство го дочекаа овој предлог. Чешката стопанска комора го нарече прописот „недозволива државна интервенција“, која ќе предизвика нарушување на пазарот, ќе ги погоди малите трговци и ќе го намали квалитетот на храната. Тоа е кршење на заедничкиот пазар на Европската Унија, заклучуваат во Комората.

Во критиките на овој предлог се истакнува и фактот дека Чешка не е самодоволна во голем број основни намирници, вклучувајќи ги и овошјето и зеленчукот и свинското и пилешкото.

Структурата на земјоделските производители во Чешка покажува дека изминативе години се случи раст на одреден број компании на штета на малите производители, а малиот број компании преземаа и најголемо „парче од колачот“ од Европските фондови. Имено, дури 90 проценти од поддршката за земјоделството е исплатена на 20 проценти од земјоделските производители, заради што критичарите и опозицијата посочуваат на можноста за создавање спрега на државниот врв и еден дел од индустријата.


 

vecer.press

Слични написи

Back to top button
Close