вести

Младите до 35 години ќе бидат ослободени од плаќање концесија за земјоделско земјиште

zemjodelci

Владата прави се за задржување на младите во земјоделството. Ова го истакна Министерот Николовски, кој потенцираше дека веќе се релизираат мерки кои се од големо значење за младите, како што е мерката за поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци, за која имаше огромен интерес.

– Ако претходно од 1.600 апликанти беа склучени договори со околу 100 апликанти, на последниот оглас имаше 624 апликанти, поддржавме 424 апликанти и тоа се 4,5 милиони евра повеќе пари кои отидоа за оваа мерка и веќе овие проекти ќе започнат да заживуваат. Во годинашната програма исто така ја има оваа мерка, но ќе имаме и поддршка за формализирање на нивната дејност – рече Николовски.

Министерот најави и нова мерка за младите земјоделци.

– Поддршката доаѓа преку отворање на ИПАРД фондовите, ќе ја донесеме и мерката за ослободување од плаќање на концесија за млади до 35 години. Македонија има големи потенцијали за развој на земјоделството кои треба да се стават во функција. Убеден сум дека тогаш и младите ќе бидат заинтересирани да останат во земјоделството.Ако направиме поевтино земјоделско производство ако остануваат повеќе пари кај земјоделците верувам дека и младите ќе бидат заинтересирани. Ме радува што се повеќе млади луѓе се заинтересирани и прашуваат за слободно земјиште, и ние ќе направиме се за да им овозможиме услови, да ги вклучиме за да останат во земјава – , посочи Николовски.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close