fbpx
Вести

Николовски ветува зелена нафта за земјоделците

Зелена поевтина нафта за земјоделската механизација која ќе можат да ја користат земјоделците од наредната година, најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Напрaвени се законски измени во консултација и со стручни лица и со земјоделски здруженија за да се креира законот за зелена нафта. Вклучени се сите чинители и по изборите ќе влезе во владина процедура и вистинските земјоделци ќе користат поевтина зелена нафта за механизацијата“, истана Николовски.

Тој додаде дека почна да се реализира ветувањето за зголемување на процентот исплатен за земјоделците.

„Ќе ги зголемиме субвенциите за 20 отсто по хектар до крајот на мандатот, а веќе направивме измени за 10 отсто зголемување. И за оваа 2017 година ќе има 10 отсто поголеми субвенции за фуражни култури, за овоштарство, лозарство и тоа е потврда дека во 2018 година ќе исплатиме поголем зејоделски буџет и ќе исплатиме повеќе пари на вистинските земјоделци“, додаде Николовски.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close