fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВино

Безмилосен грабеж на лозарите од винарските визби, државата молчи!

Националната земјоделска мрежа излезе со јавно искажан став околу овогодишната тешка состојба во лозарството и со оправдан сомнеж дека има индиции да се злоупотреби

Почитувани земјоделци – лозари

Пред десетина дена Националната земјоделска мрежа излезе со јавно искажан став околу овогодишната тешка состојба во лозарството и со оправдан сомнеж дека има индиции да се злоупотреби и така тешката ситуација во која се најдоа лозарите поради елементарните непогоди и болести кои го сведоа родот на една четвртина од вкупниот капацитет на производство на грозје во државата За жал се остварија најцрните сценарија.

Ниту државата, ниту винарските визби не најдоа слух да го амотизират овој удар врз лозарите и да ја заштитат ова гранка која е од витален интерес како за лозарите така за винариите и државата. Почитувани, според информации на наши членови на терен се случува невиден грабеж на лозарите,  грозјето со одличен квалитет и висока содржина на шеќерни единици се откупува по цени далеку пониски од производните цени. Поточно Вранец 17 ден. и Смедеревка 14 ден.

За злото да биде поголемо при предавање на грозјето лозарите буквално се спречени да ја видат состојбата на вагите и им се пишуват килограми по слободна проценка на откупувачите. На откупно кантарните белешки не е наведен рок на плаќање со што се остава простор за уште една манипулација на откупувачите. Во целата оваа состојба државата поточно Државниот инспекторат буквално е отсутен и тргнат настрана.

Во ова прилика сакаме да истакнеме дека оваа година во нашето непосредно опкружување цените на винските сорти Вранец и Смедеревка се движат од 60 евро центи до евро и пол по предаден килограм грозје.  Почитувани, огромен срам за државата и за винариите што ја користат својата монополска позиција и безмилосно ги ограбуват лозарите,  но оваа состојба може и мора да се промени.  Националната земјоделска мрежа ќе ги организира и едуцира лозарите и ќе изврши максимален притисок врз законодавецот да се укине овој монополски закон за винарство и да се донесе нов закон за винарство кој ќе ги постави односите меѓу сите засегнати страни на една здрава економски одржлива основа. Решително и бескромисно ќе се спротиставиме на ваквите погубни политики по земјоделието и земјоделците – бидете убедени во тоа, стои во реакцијата на Националната земјоделска мрежа и претседателот Ѓорги Каракашев.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close