fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-За 2023 година, буџетот за земјоделство е околу 12 милијарди денари

Позади нас е година во која успешно ги надминавме сите предизвици, реализиравме многу интервентни мерки за поддршка на земјоделците, а резултатите се одлични.

Во услови на светска криза, земјоделскиот сектор е еден од клучните столбови на сигурност дека храна ќе има доволно за сите. Позади нас е година во која успешно ги надминавме сите предизвици, реализиравме многу интервентни мерки за поддршка на земјоделците, а резултатите се одлични.
Во следната година продолжуваме со силна и прогресивна земјоделска политика. За 2023 година вкупниот буџет за секторот земјоделство, е во износ од околу 12 милијарди денари што претставува значајно зголемување споредено со 2022.
Буџетот за 2023 е поставен на 5 клучни столба, а тоа се реформите во земјоделството, малите семејни бизниси, капиталните водостопнаски инвестиции, зелената транзиција и модернизацијата.
Можно е да е слика од текст
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close