fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски-За нас зборот е збор. Денеска на сметките на 15.753 тутунари се слеани рекордни 26 милиони евра

На сметките на 15.753 тутунари се слеани рекордни 26 милиони евра

За нас зборот е збор. Денеска на сметките на 15.753 тутунари се слеани рекордни 26 милиони евра за директни плаќања за договорен и продаден ориентален ароматичен необработен тутун од реколта 2022 година. Продолжуваме со навремена, неселективна исплата на субвенциите за секој еден земјоделец, објави министерот Љупчо Николовски.

Во продолжение испраќаме интегрален текст од денешната изјава на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски:

„Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун.

За нас зборот е збор. Ветивме дека во месец април ќе биде реализирана исплатата и еве денес тутунарите своите заслужени средства може да ги очекуваат на своите сметки.

Ова е историска и рекордна исплата!

Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година.

Минатата година испишавме историја и по цена и по количина и по период на откуп. За прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година.

Сведоци сме сите дека како никогаш до сега имавме година во која откупот помина без ниту еден проблем, а целокупното производство од реколтата 2022 беше откупено два месеци порано пред истекот на законскиот рок.

Имавме година со добар квалитет на тутунот што допринесе дури 80% од тутунот да биде откупен во прва класа, што претставува уште еден историски успех за производителите на тутун.

Вкупната вредност на откупениот тутун во 2022 година достигна 6 милијарди денари и во целост е исплатен од страна на откупните претпријатија.

Тутунот во реколтата 2022 година е засаден на површина од 13.237 хектари, што претставува зголемување на површините за 11%, односно нови 1.453 хектари. Тоа допринесе и за зголемување на договорното производство на тутун за околу 8%, односно нови 1.780 договори или вкупно 29.429 склучени договори за 2022 година.

Преку денешната исплата на субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година ја заокружуваме успешната година.

Сите овие податоци говорат дека политките и мерките кои министерството заедно со земјоделците ги креира даваат резултат. Дека земјоделците не се откажуваат, туку уште повеќе вложуваат во земјоделието.

Сакам да упатам благодарност до сите тутунопроизводители и до откупувачите, кои уште еднаш докажаа дека договорното производство е успешниот модел за соработка.

Како министерство сме подготвени и оваа 2023 година повторно преку заеднички дијалог и соработка да постигнеме уште подобри резултати“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close