Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Николовски-За прв пат подготвуваме Национална стратегија за развој на винарството и лозарството
Зголемување на лозовите насади, подобар квалитет и заштита од климатски промени.
Заедно со стручната јавност, здруженијата на земјоделци и винариите за прв пат подготвуваме Национална стратегија за развој на винарството и лозарството, објави министерот Љупчо Николовски.
-Модернизација на винскиот сектор и развој на наш домашен вински бренд.
Зголемување на лозовите насади, подобар квалитет и заштита од климатски промени.
Силна меѓународна промоција за уште поголем извоз на македонското вино и развој на винскиот туризам.
Пред нас си поставуваме големи и реални цели за развој на овој сектор во следните десет години. Наш приоритет е македонското вино да биде надалеку прочуено, по својот квалитет, вкус и традиција, најави Николовски.