
Земјоделците од Полошкиот регион чекаат пари за штетите од поплавите во 2024 година, пари уште нема
Зошто се уште нема пари за земјоделците од Полошко?
Земјоделците од Полошкиот регион чекаат пари за штетите од поплавите во 2024 година, пари уште нема, велат читатели на Зелена берза.
Уште лани по големите поплави градоначалникот на тетово Биљал Касами, по посетата на министерот Цветан Трипуновски во погоденото подрачје од поплавите, на Фејсбук напиша дека се посветени на изнаоѓање на брзи и ефективни решенија за помош на земјоделците, но за жал досега земјоделците не се обештетени.
Само пред неколку дена за штети од природни непогоди за 2025 година беа исплатени земјоделците од Градско и Кавадарци.
Во јуни 2024 година поплавени куќи и подруми, паднати дрвја, оштетени автомобили, поплавени подвозници и улици беа најчестите пријави што Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги добил како последица на невремето што ги зафати Скопје и Тетово.





