fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Николовски: Жени се носители на 5 000 нови земјоделски стопанства

Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3 000 и 6 000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата.

Има драстична промена во Единствениот регистар кој покажува дека скоро 5 000 нови носители на земјоделски стопанства се жени. Досега се склучени над 300 договори за грантови од 3 000 и 6 000 евра и веќе, во најголем дел, 90 отсто од барањата се поднесени за исплата. Тоа значи дека жените ги реализираат инвестициите во руралните средини, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Пред почетокот на завршниот настан за проектот „Кон родово-одговорни политики и буџети во земјоделството и руралниот развој“, Николовски уште еднаш потенцира дека главен столб на македонските земјоделски политики се младите и руралните жени.

-Со Факултетот за земјоделски науки и храна и Националната федерација на Фармери ја креиравме мерката 115, популарно наречена „Рурална жена“. Прв пат во 2021 година, 250 жени земјоделки добија грант до 3 000 евра и ветување дека двојно ќе ја зголемиме поддршката. Тоа и го направивме. Лани доделивме 70 договори за грант до 6 000 евра по корисник, а оваа мерка продолжува. За успешноста на мерката најмногу зборува бројот на регистрирани жени земјоделки. Од 2018, пред почетокот на мерката, до сега има скоро 5 000 нови регистрирани жени земјоделки. Ова е најголемата потврда дека жените земјоделки ја препознаа нашата поддршка. Ги охрабривме да бидат погласни, повидливи и поприсутни во општеството. Ги охрабривме да ги следат политиките кои ги креираме за нивна поддршка. Сега жените земјоделки се поактивно учествуваат и при аплицирањето за другите мерки, како и на јавните повици на Министерството, изјави Николовски.

Според него, жените ја користат и можноста за продажба од куќен праг.

-Паралелно со мерката за поддршка од 6 000 евра, се направи измена и на Правилникот за продажба од куќен праг, со цел полесна регистрација на производителите како помали оператори со храна. Денес, мед, ајвар, сирење, кашкавал, маџун и многу други производи легално може да се продаават со што ги поддржуваме, но и поттикнуваме жените од руралните средини. Во новата Национална програма се предвидува зголемување на оваа мерка како грант и до 10 000 евра. На последниот повик за грантови на мали произодители од животниско и неживотниско потекло, од 130 апликации, околу 50 се поднесени од жени, што зборува за зголемениот интерес за користење на расположливите програми. Наша обврска е да ги искористиме максимум можностите за да им помогнеме на руралните жени, посебно во реализацијата на нивните инвестиции, подвлече министерот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close