вести

Николовски:Отворање на нови откупни центри и сигурен пласман за земјоделските производи, се дел од приоритетите на МЗШВ

(Oвој напис е објавен на: март 12, 2018)

mzsv

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски и со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски, денеска во Струмица присуствуваа на трибина за моменталната состојба со градинарското производство и откупот на земјоделски производи. На трибината присуствува земјоделци и откупувачи на земјоделски производи од струмичкиот регион.

На трибината беа презентирани политиките на Владата на Република Македонија за развој на земјоделството, како и мерките за поддршка на градинарското производство.

Министерот Николовски посочи дека во следниот период интензивно се работи на отворање на нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица и наоѓање нови пазари за пласман на земјоделските и градинарските производи.

На трибината земјоделците се интересираа до каде процесот за ревизијата на даденото земјоделско земјиште под концесија, бидејќи според нив дадените површини во изминатите години не се обработуваат целосно, а дополнително истото земјиште се издава под закуп.

Прозводителите на јапонска јаболка побараа намалување на цената на сертификатот за извоз „Глобал Габ“, а голем интерес беше искажан и за плаќањето на персоналниот данок, односно за ослободувањето на земјоделските производители кои остваруваат до еден милион денари.

Дел од претставниците на земјоделските здруженија побараа да учествуваат во донесувањето на земјоделските политики, да има заштитени откупни цени, а во креирањето на даночната политика да учествуваат и земјоделците. Тие побараа покрај така наречената зелена нафта, да добиваат субвениции и за бензинот, бидејќи голем дел од површините во Струмичко се наводнуваат со пумпи кои работат на бензин.

„Знаеме за неискористениста на државното земјоделско земјиште дадено под закуп, а ревизијата го заврши извештајот кој е доставен до мене и според него ќе преземеме конкретни мерки. Отворивме и „кол центар“ во министерството, со цел ваквите конкретни состојби што ги знаете да ги пријавите. Во овој период имаме раскинати договори и еден таков е за површина од 700 хектари, а има и многу други“,изјави министерот Николовски.

При тоа, министерот Николовски посочи дека интензивно се работи на отворањето нови пазари и дека се создадени нови контакти и можности за пласман и извоз на македонските земјоделски производи.

„Има резултат посетата на премиерот на Владата на Република Турција, каде се разговараше конкретно за извозот на нашето јагне. Со египетскиот министер за земјоделство и покрај високите царини се договоривме на наше писмено барање да понудиме што ќе извеземе и царините да  бидат сведени на минимум. Очекуваме една голема делегација од Катар, особено во делот на земјоделството, со која ќе разговараме за извоз и пласман на нашите производите“, посочи министерот Николовски.

Министерот Николовски посочи дека моделот на заеднички средби со сите чинители во земјоделскиот сектор и надлежните институции од секторот е важен за навреме да се решаваат сите отворени проблеми, но и за креирањето на идните политики на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 


 

mzsv.gov.mk

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Back to top button
Close