fbpx
Вести

Ниските температури опасни за овошките и виновата лоза

niskite temperaturi opasni za ovoshkite i vinovata loza

Најавените ниски температури кои во наредните денови се очекува да достигнат минус 20 степени целзиусови нема да предизвикаат никакви штети кај есенските посеви, но претставуваат ризик за овошките и лозовите насади, велат агрометеоролозите.

Според Ангелко Ангелески од УХМР, можни се оштетувања на родните папки кои се уште се во услови на мирување, а не е исклучено и измрзнување на тенките гранчиња.

– Очекуваме да се формира снежна покривка насекаде во Македонија, вклучувајќи ги и земјоделските региони, особено Пелагонија и Овче Поле каде има житни култури. Тие во овој момент се најмногу изложени на надворешните влијанија но, се надеваме дека нема да претрпат никакви штети зашто снежната покривка делува како изолатор. На удар ќе бидат многугодишните дрвја, виновата лоза и овошките кои се во фаза на презимување, посебно ако температурите паднат до – 18 степени, објаснува Ангелески.

Студот нема да има поголемо влијание врз другите култури.

– Градинарството во затворените пластеници се одвива нормално. Сепак, потребно ќе биде дополнитлено загревање на овие простории, порачува агрометеорологот Ангелески.

Тагови

Слични написи

Еден коментар

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Back to top button
Close