fbpx
Вести

ВО ШТИП ПРЕЗЕНТИРАНА ИПАРД 2 ПРОГРАМАТА

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство(МЗШВ) денеска на штипските земјоделци сточари им ги презентираа можностите и поедноставното аплицирање за користење на средствата од европските фондови, односно од ИПАРД 2 Програмата, што е поделена во два сегмента, примарно земјоделско производство и преработка на земјоделски производи.

Душко Јакимовски од Тело за управување со ИПАРД при МЗШВ истакна дека присутните детално се запознаа како да дојдат до европските пари.

– Минималната вредност на инвестиција на барателот е 3.000, а максималната 1,5 милиони евра. Кофинансирањето е минимум 60 отсто, кај младите земјоделци 65, а кај земјоделците од планинските подрачја 70 отсто, рече Јакимовски.

Освен земјоделците и сточарите како физички лица, можат да аплицираат и правни субјекти.

– При дефинирање на големината на корисникот се користи препораката од европската Комисија, дадена во упатството за апликација за средства од ИПАРД 2 програмата, а не големината на капацитетот, утврдена согласно показателот од Централниот регистар, вели Виктор Младеновски од Тело за управување со ИПАРД при МЗШВ.

Со оваа информативна кампања, од ресорното Министерство веруваат дека процентот на доставени апликации за ИПАРД 2 Програмата ќе се зголеми, а земјоделците и сточарите ќе можат да го унапредат своето производство.


 

lokalno.mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close