Нивите вметнати во боковите на ЗК Пелагонија ќе им се вратат на вистинските сопственици
Практично парцелите сега им се заробени.
За над 2000 земјоделски стопанства од пелагонискиот регион ќе започне проект со кој ќе се реши децениски проблем.
Станува збор за парцели кои што земјоделците ги имаат во средината на блоковите помеѓу државното земјиште кое што е под закуп на комбинатот ЗК Пелагонија. Земјоделците се сопствeници или сосопственици со државно земјиште и досега неможат согласно законот, ниту да направат физичка делба на својот дел. Практично парцелите им се заробени.
Од април ќе стартува проектот кој ќе овозможи разрешување на статусот на сопственост на 2000 сопственици во 52 населени места во Пелагонискиот регион.
-Имаме околу 1300 хектари внатре во самиот блок каде што имаме сосопственички односи на приватните сопственици и на државното земјиште. Новото земјиште ќе им биде запишано со право на сопственост во катастар, сите ќе добијат нов имотен лист, истакна министерот Љупчо Николовски.