fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Нивите во Општина Боговиње останаа необработени

Потребна е поголема солидарност меѓу земјоделците и помош од државата

Земјоделецот Ајрула Исмаили кој воедно е и претседател на Месната заедница од тетовско Горно Седларце го затекнавме на трактор на својата нива. Вели речиси целиот ден го поминува во земјоделскиот атар на неговото село. Ја сака оваа гранка, иако како што вели не носи големи приходи, поради низа проблеми кои ги мачат земјоделците од цела држава, како немање ниски цени, давање на субвенции во погрешни раце. Тој вели дека обработува 200 декари земјоделска површина, а добива субвенции за дваесетина.

 -Кај нас најголем проблем е пласманот. За млекото мора да признаам дека има откуп. На сточарите им плаќаат 22 денари и ако има работа добро, ако нема млекарите одма ти ја намалуваат цената. Јас имав 20 грла крави, но сега немам ниту една крава, оти не ми се исплаќа, треба да биде поскапо млекото. Во тетовско треба да има откуп за шеќерна репа и тоа да се сади овде. Порано се садело со хектари и многу квалитетна репата била. Но без откуп сега никој не сади. И за пченка треба откупен центар, а не да се молиме секоја година некој да ни ја купи. Треба од пролет да се договори откупот, како ќе биде пазарната цена, а не кога им треба да се употреби македонскиот производ, а кога не им треба, ајде земи српски производ.И со други производи за пласман се снаоѓаме тешко, доаѓаат овие сточарите бараат по малку, но треба наеднаш да се откупи, а не да го чуваме по амбари да ни скапува. И со житото исто проблем има.Со овој производ цената е цел живот иста, е сега тука малку не спасуваат субвенциите, но и тие не се даваат како што треба.Некој ти дава под наем нива, а и таа нива не е негова, па кај ќе го најдеш сопственикот и затоа ги губиме субвенциите, имотно правните работи треба да се решат, рече земјоделецот Исмаили

Тој вели дека дека голем дел од засаденото го обработува за да ја прехрани стоката,нешто одгледува за себе , а нешто и продава, за да може со парите да купи семе и препарати.Работата со оваа дејност тапка во место, мора државата да преземе сериозни чекори, но и земјоделците да бидат посолидарни како по примерот во некои европски земји. За себе вели дека од 1992 година па наваму се занимава со земјоделие. Работел во Хрватска како слаткар, па морал да се занимава со земјоделие кога се вратил, затоа што друг избор немал.

 -На 100 декари површина имам засадено пченка,  нешто имам засадено грав, нешто за стока производи.Претходно сум бил во Швајцарија и таму сум се занимавал со земјоделие и така некое искуство сум пренел од Швајцарија.  Во Швајцарија работев пред деведесетите години , е тука да е десет отсто како таму ќе биде супер. Кога береш пченка доаѓаат директно на нива да ти го откупат и во зрно ти го купуваат производот, ти дава белешка и завршена работа. Се е испланирано. Таму на пролет не мора да имаш свои машини, земјоделците се солидарни и си се позајмуваат. Јас немам што да правам морам да бидам упорен и да се занимавам со оваа дејност, немам друг избор, па и мојот син ја дели истата судбина.Мора да се среди работата, ако сака државата да го зачува земјоделието. Јас сум пензионер, ама има некои млади кои се занимаваат со земјоделие кои на прсти можеш да ги избороиш и тие веќе размислуваат да одат во странство. Има каде да одат имаат браќа, братучеди, ако заминат и тие државата ќе остане без земјоделци, вели земјоделецот Исмаили.

Поради ваквата состојба од 400 семејства колку што живеат во Горно Седларце, сега само 20 се занимваат со земјоделие, за разлика од порано кога во секој двор имаше сточна храна, стока и земјоделска механизација. 

Зоран Димовски за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close