fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Намалување над 40 проценти на тутунски производи

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека убедливо најголем пад имало кај производството на тутунски производи.

Каде имаше најголем пад во индустриското производство минатиот месец. Кои сектори имаат најголемо намалување, а кои се со позитивни резултати, објави Фактор

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека убедливо најголем пад имало кај производството на тутунски производи. Имено овој сектор бележи драстичен пад од високи 43 отсто во јуни.

Но, тие не се единствените, напротив голем пад има и во категоријата производство на компјутерски, електронски и оптички производи кој достигнал дури 37,8 проценти.

Како што објави државниот завод за статистика, имаме намалување на индустриското производство во јуни од дури 6,5 проценти, во споредба со истиот месец минатата година.

Но, она што особено се одвојува во овој извештај е фактот дека одредени сектори имаат значително поголем пад од вообичаеното.

Покрај категорија производство на тутунски производи и компјутерски или оптички производи, со голем пад се соочува и производството на фабрикувани метални производи, каде падот според објавата на статистичарите достигнува 35,1 отсто.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close