fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Ноќеска земјотрес на повеќе места во југозападна Македонија, епицентарот во Преспа

Земјотресот, според Сеизмолошката опсерваторија, бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван во Охрид, Струга, Ресен, Битола и Кавадарци

На триесетина минути по полноќ ноќеска бил почувствуван земјотрес на повеќе места во Охридско-преспанскиот регион. Земјотресот, како што информираа од Сеизмолошката опсерваторија, бил со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во подрачјето на Преспа. Регистриран е на 120 километри јужно од Скопје.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 12.01.2024 година во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close