Нов инструмент за анализа на квалитетот на виното

(Oвој напис е објавен на: March 14, 2017)

вино во буре

Анализите се наменети за домашните, но и за винарии од други држави, а ќе чинат вкупно 3.000 денари со вклучен ДДВ.

Државната фитосанитарна лабораторија набави нов инструмент за анализа на виното со кој само за десет минути ќе се анализираат 28 параметри во виното, што ќе треба да придонесе за подобрување на конкурентноста на македонското вино.

Анализите се наменети за домашните, но и за винарии од други држави, а ќе чинат вкупно 3.000 денари со вклучен ДДВ што е помалку од досегашните кои ги одредуваа само седумте основни парамтери во виното, минимум потребни за извоз.

Според директорката на Државната фитосанитарна лабораторија Сузана Кратовалиева, анализите се очекува да го поттикнат производството на вино во шише за извоз, но индиректно да придонесат и за развој на винскиот туризам.

– Се надевам дека со квалитетот и истакнатите параметри на етикетата на нашите вина во шише, уште повеќе ќе можеме да ги привлечеме и туристите, но и да ги задоволиме нивните барања кои се навистина високи- изјави Кратовалиева.

Лабораторијата првпат ќе почне и со анализа на биогени амини кои досега не се одредуваа никаде во државата, а се чувствителна категорија на секундарни метаболити кои се јавуваат во различни количини при производството на вино. Во различни земји, зависно од вкусот на потрошувачите, дозволена е и различна концентрација на биогените амини.


 

плусинфо.мк

Share Button