fbpx
Вести

Нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица е еден од приоритетите на МЗШВ

hrana

Земјоделците, откупувачите и претставниците од ресорното министерство седнаа на заедничка маса. Разговараа за претстојната откупна сезона, но и за сите отворени прашања од овој сектор.

Министерот Љупчо Николовски  најави дека во наредниот период  приоритет за министерството ќе бидат  отворање на нов откупно-дистрибутивен центар во Струмица и наоѓање нови пазари за пласман на земјоделските и градинарските производи од овој регион.  Трибината  во Струмица според него е само продолжување  ваквите средби кои ги одржуваат низ клучните земјоделски региони во државата и во пресрет на откупната сезона.

,, Ние ги презентираме политиките на владата кои се усвоени со документи, со програми,  со уредби, со стратегии и сметаме дека треба да ги споделиме и со земјоделците и со откупувачите и со извозниците. Целокупната наша работа да биде најотворена, јавна и транспарентна , но и да ги добиеме сугестиите, коментарите, забелешките од сите нив. Токму затоа сметам дека овој модел на средби заедно со подрачните единиците, со агенцијата за финансиска поддршка на земјодлеството, инпекторатот за земјоделство е многу битен.,, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Меѓу другото Николовски ги информираше струмичките земјоделци и за договорот  кој беше постигнат пред неколку дена со Србија а се однесува на увозот на брашно. Тој потенцираше дека за 95% од бршаното кое се увезува од таму  ќе важи новиот правилник и измените кои беа направени, а тоа значи дека маркчките ќе се лепат во Макдонија, а ќе се добиваат по направената  анализа од агенцијата за храна и ветеринарство. За пакувањата до 5 килограни кои изнесуваат само пет проценти од вкупниот увоз на брашно контролните маркички ќе се лепат во Србија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close