fbpx
ВестиЕкологијаТоп вести

Невидена еколошка катастрофа на Камчатка, угинати илјадници морски животни

Илјадници мртви фоки, октоподи и морски ежови лежат веќе неколку дена на брегот на полуостровот Камчатка, на рускиот Далечен исток, а Гринпис предупредува дека станува збор за „еколошка катастрофа“.

„Еколошка катастрофа се случи во Камчатка“ на дел од плажата Калатир, добро позната меѓу сурферите во заливот Авачи во Тихиот океан, соопшти невладината организација.

Анализата открила „четири пати повисоки нивоа на нафтени деривати и 2,5 пати повеќе феноли“ во водата, додава Гринпис, истакнувајќи дека причините за загадувањето сè уште не се откриени.

На Инстаграм, Антон Морозов, директор на Сноуави, позната школа за сурфање на полуостровот, објави голем број снимки од плажата со мртви животни.

Веб-sвездата Јуриј Дад, познат по своите зачудувачки документарни филмови, ја потврди изјавата на Морозов, велејќи дека веќе три недели „сите се чувствуваат непријатно по сурфањето“ и имаат чудни симптоми како што се болки во очите и грлото и „труење“ со водата што има чуден вкус и мирис. .

“Многумина набрзина го напуштаат океанот. Симптомите се јавуваат и кога немате контакт со вода”, рече тој, додавајќи дека “отровот” го носи река што тече во океанот веќе еден месец.

„Доколку одговорните за овој настан беа похрабри и ја признаа својата грешка и ја започнаа операцијата за спасување, нејзините последици ќе беа ублажени“, рече тој.

Гринпис соопшти дека им се обратиле на властите „барајќи што побрзо да се спроведе истрага за причините за загадувањето, проценка на степенот на штетата и итно отстранување на последиците“.

Локалните власти не пријавиле ниту еден индустриски инцидент или вонреден настан во последно време.

Гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов, се закани дека ќе го отпушти секој што ќе ја прикрие сериозноста на ситуацијата и рече дека примероците биле испратени во Москва за да се утврдат фактите.

Руската истражна комисија, исто така, најави истрага за „можна еколошка катастрофа“ во саботата.

Камчатка е меѓу најоддалечените и најнепристапните делови на Русија. До распадот на СССР, тој дел бил затворен поради голем број воени објекти, а денес е отворен за туристи.

Извор:Канал5

Слични написи

Back to top button
Close