Нов пакет мерки од февруари, понуда и до опозицијата
2021 година нема да биде лесна на економски план, но бројките од крајот на минатата година, за премиерот и министерот за финансии се охрабрувачки дека соработката со сите фактори дава резултат. Најавија дека по Божиќ ќе почне дебата со стопанските комори, синдикатите, универзитетските професори и граѓанскиот сектор за петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и стопанството.
2021 година нема да биде лесна на економски план, но бројките од крајот на минатата година, за премиерот и министерот за финансии се охрабрувачки дека соработката со сите фактори дава резултат. Најавија дека по Божиќ ќе почне дебата со стопанските комори, синдикатите, универзитетските професори и граѓанскиот сектор за петтиот пакет на економски мерки за помош на граѓаните и стопанството. Премиерот ги охрабри граѓаните да трошат повеќе пари годинава и да расте домашната продукција. Новиот Клинички центар повторно го најави како најголем домашен проект, а на опозицијата и нуди контрола врз изведбата, ако го поддржат.
Заев не се откажува ниту од легализација на канабисот. Дебатата за можноста, секој граѓанин да си одгледува дома по неколку стебла, најави дека ќе трае шест месеци и се надева на поддршка.
За министерот Бесими, минатата година беше година на предизвици. Првично проектираниот буџет претрпе два ребаланси и одлука за прераспределба на пари. Но, сепак се пофали со раст на бруто инвестициите и висок процент од 80 отсто од реализирани капитални инвестиции. На прашањето, од каде доаѓа овој висок процент, во што е инвестирано во декември, со оглед на тоа што, според податоците на Финансии, заклучно со ноември,капиталните расходи биле на ниво од 56,4 отсто, не одговори директно. Вели дека тоа не е заслуга само на еден човек или институција, туку на ангажман на сите заедно.
Акцентот на владата е најавено дека годинава ќе биде на енергетиката, гасификацијата, обновливите извори на енергија и земјоделието, но и на легализацијата на канабисот.