fbpx
Вести

Нова инвестиција на Caffe di Artisan во Македонија

Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во соработка со Magnum Consulting Limited ја објавува новата странска инвестиција Caffe di Artisan во Македонија.

Caffe di Artisan, компанија која ја имплементира најголемата иновација во индустријата за кафе, влезе во Македонија и го избра Куманово како најдобра дестинација за отворање на своја фабрика. Основен производ на компанијата е проиводство на течно кафе во капсули со патентиран метод на изработка. Со вкупно планирана инвестиција од 3 милиони евра, проектот на компанијата ќе се реализира во три фази и фабриката ќе вработи околу 100 лица до крајот на третата фаза.

Инвеститорот и сопственикот на компанијата, г-нот Шанкар Шарма посочи: Kако дел од нaшите планови за развој, Caffe di Artisan истражуваше неколку дестинации за инвестирање во регионот, но ја избравме Македонија како најдобра локација за нашето производство, првенствено поради високото квалификуваната работна сила, одличното познавање на англискиот јазик, како и одличните услови за започнување и водење бизнис. Високо професионалната поддршка, советите и консалтингот кои ги добивме од страна на тимовите на Инвест Македонија и Magnum Consulting Limited значително го олеснија целиот процес до финалната одлука за инвестирање и егзекуција на проектот.

Компанијата започнала со работа во 2016 година со отварање на првата фабрика во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати, а подоцна во 2017 ги лансирале своите производи во Велика Британија и во САД во 2018 година. Производите на компанијата се продаваат во САД, Европа, Среден Исток и Јужна Азија.


 

бизнисвести

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close