fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пропадна Фабриката за тутун Сараево основана пред 140 години

„Работниците навреме предупредија, испратија писма до претставниците на меѓународната заедница, финансиската полиција, владата на ФБиХ, нема кому не испратија, но за жал немаше доволно сила да се борат против оние кои сакаа да ја урнат фабриката“

Фабриката за тутун Сараево (ФДС), која што постои повеќе од 140 години, ќе престане со работа на последниот ден од март, врз основа на одлуката донесена од Надзорниот одбор, со што ќе се стави крај на матниот процес на приватизација на компанијата, потврдија од Синдикатот на тутунската индустрија на БиХ, пренесе Хина.

Претседателот на синдикатот Мехмед Авдагиќ денеска за медиумите во БиХ потврди дека работниците на ФДС го информирале дека надзорниот одбор во јануари донел одлука за ликвидација на фабриката, која ќе стапи на сила на 31 март.

„Работниците предупредуваа, но не можеа да се борат“

Авдагиќ одлуката ја нарече разочарувачка, велејќи дека таа е резултат на фактот што никој не одговорил на бројните предупредувања дека ФДС пропаѓа од 2016 година, кога виенската Адриатик инвестментс, која беше партнер со Бритиш Американ Тобако (БАТ), купи контролен пакет од 40 отсто од акциите на владата на Федерацијата БиХ по цена нешто повисока од 20 милиони евра.

После тоа, од ФДС беше формирана нова компанија наречена Бадеко Адриа, по што следеше откуп на акции во сопственост на мали акционери и низа комплицирани трансакции кои доведоа до колапс на производството. Највредните марки на цигари како што е легендарната сараевска Дрина или поновата Аура се продадени, а дел од овие цигари сега се произведуваат и пакуваат во Ровињ.

Работниците навреме предупредија, испратија писма до претставниците на меѓународната заедница, финансиската полиција, владата на ФБиХ, нема кому не испратија, но за жал немаше доволно сила да се борат против оние кои сакаа да ја урнат фабриката“, изјави Авдагиќ за телевизијата Н1, додавајќи дека само продадените брендови вределе најмалку 40 милиони евра.

Имотот е вреден стотици милиони евра

Авдагиќ ја проценува вкупната годишна вредност на пазарот на тутун во БиХ на повеќе од 500 милиони евра.

По затворањето на ФДС, низ БиХ ќе останат бројни имоти во сопственост на компанијата, вредни стотици милиони евра.

ФДС беше првиот производител на цигари Марлборо во поранешна Југославија и еден од лидерите во тутунската индустрија во поранешната држава. По ликвидацијата на оваа фабрика, основана во 1880 година, која не престана со работа ниту за време на опсадата на Сараево, околу 150 нејзини сегашни работници ќе останат без работа.

 

.https://nezavisen.mk/propadna-fabrikata-za-tutun-saraevo/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close