fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Нови агрометеоролошки станици во битолските села Кравари и Лисолај

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион – Битола (ЦРППР) во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постави нови агрометеоролошки станици со софтвер за земјоделски култури.

Центарот за развој на пелагонискиот плански регион – Битола (ЦРППР) во соработка со подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), постави нови агрометеоролошки станици со софтвер за земјоделски култури.

Со новите агрометеоролошки станици ќе се обезбедуваат информации потребни за да се добијат најдобрите можни резултати за подобар раст и принос на одреден насад, но и значајни заштеди на средствата за заштита на земјоделските производи, човечки труд и механизација.

Агрометеоролошките станици се со повеќе сенозори, а нивната локација, атарот на населените места Кравари и Лисолај, обезбедува широк опфат во битолскиот дел на Пелагонија.

– Агрометеоролошките станици „Метеобот“ имаат сензори за мерење на температура на воздух и на почва, влажност на воздух, сензор за воздушен притисок, мерење на брзина на ветерот, мерење на количествона врнежи, соларна радијација, како и сензор за влажност на лист. Агрометеоролошката станица „Метеобот“ е автоматска, корисникот нема потреба да доаѓа до станицата за да ги чита и превзема податоците, односно станицата континуирано на секои 10 минути ги собира измерените податоци и ги испраќа на сервер за обработка – информираат од ЦРППР-Битола.

Двете агрометеоролошки станици се обезбедени во рамки на проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион“.https://www.vecer.press/%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B8-%D0%B0%D0%B3%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BB%D0%BE%D1%88%D0%BA%D0%B8-%D1%81%D1%82%D0%B0%D0%BD%D0%B8%D1%86%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D0%B1%D0%B8%D1%82/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close