Микробилошки анализи, потврда за производство на здрава храна

(Oвој напис е објавен на: July 11, 2019)

Кога се работи за безбедност на храна и здравјето на луѓето тогаш ќе се сфати суштината на најразличните лабораториски анализи што производителите мора да ги направат бидејќи на тоа ги обврзува  законската регулатива. Тргнувајќи оттаму се повеќе се зголемува бројот на фирми кои вршат најразлични анализи на производите и суровините што се вклучени во производниот процес. Ова го потврдуваат и од лабораторијата „Проаналаиз“ Струмица, акредитирана за изработка на најразлични анализи.

-Се повеќе се зголемува интересот за правење анализи во нашата лабораторија „Проанализ“ во Струмица. Овде се прават секакви анализи, од страна на квалификувани стручни лица на најсовремена технологија, користејќи сертифицирани методи кои ги нема во обичните лаборатории.

Квалитетната и брза работа, со навремени и точни  информации е нашиот најголем адут, вели Славица Милошевска, маркетинг менаџер, вработена во оваа лабораторија. За сега искуството покажува дека најголеми корисници на нашите услуги се земјоделци и фирми од Источна Македонија. На запад бројот на земјоделци што ги бараат нашите услуги е нешто помал, но сепак ги има. Затоа пак фирмите знаат што ние можеме да сработиме и редовно ги користат нашите услуги, додава  Милошевска.

Се повеќе се бараат микробиолошките анализи за кои оваа лабораторија поседува сертификати. Се извршуваат анализи за нутритивни вредности на производи и суровини, афлатоксини, пестициди, тешки метали, присуство на трансмасни киселини, ерука киселина, заералеон, дезоксиниваленол, окспантоксин и др. Често производителите бараат соодветна акредитирана  лабораторија со цел да направат споредби со анализите што ги прават во сопствените  лаборатории.

-Веќе неколку месеци „Свислион Агроплод“ Ресен  соработува  со„ Проанализ“ во Струмица. Во оваа лабораторија ни извршуваат анализи што на друго место не можеме да ги направиме. Имаме одлична соработка и задоволни сме од резултатите. Во „Свислион  Агроплод“ Ресен се произведуваат околу стотина производи, вели Анче Зузаровска , одговорна за микробилошки анализи во оваа компанија.  Многу ни е важно навременото добивање на резултати од анализите, бидејќи ги споредуваме со оние што ги правиме во нашата лабораторија, но ги има и оние што единствено се извршуваат во „Проанализ“. Најважно е што таму  анализите ги прават по сертифицирани методи. Резултатите  ги добиваме брзо, навремено, а секако и цените се пристапни. Многу ни значи што мострите  за анализите ги земаат од самата лабораторија, така што не губиме дополнително време и пари за превоз. Резултатите брзо ги добиваме,  ни ги испраќаат по мел адреса. Често комуницираме и телефонски доколку се потребни дополнителни  консултации, објаснува  Зулзаровска.

Безбедна храна  е основа за здрав живот, ова е мотото под кое течат сите активности во лабораторијата. Производството на здрава храна е од големо значење за човештвото. Во трката за производство на што поголемо количество на храна често производителите  применуваат најразлични хемиски средства. Оттаму од големо значење е изработувањето на хемиски анализи.

Лабораторијата „Проанализ“ обезбедува услуги за анализа на храна, вода и почва. Во Р. Македонија  е акредитирана за анализа на храна, вода и почва од страна на Македонското тело за акредитација (ИАРМ) под ISO 17025 лабораториска акредитација.

П.Јовановска

 

Share Button