вестиМакедонијаТоп вести

Нови анти корона мерки, забрана за семејни собири  и групирање повеќе од 4 лица

 

Забрана на големи семејни собири и прослави во домови, забрането групирање по 22 часот, задолжително носење маска насекаде – ова се новите анти корона мерки кои Комисијата за заразни болести ги предложи до Владата, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Поточно, во еден стан или куќа најмногу ќе може да има 4 луѓе. Забрането е групирање по 22 часот на повеќе од 4 лица, и тоа по паркови, бензински пумпи и било каде на отворен простор.

Задолжителното носење маски важи насекаде, и на отворен и затворен простор, со исклучок на спортување на отворено и затворено и возење на возило.

Слични написи

Back to top button
Close