Новиот директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството: Потребна е свежа крв, руралното станува модерно
Никица Бачовски од денеска е нов директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Никица Бачовски од денеска е нов директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Тој во изјава за „Фокус“ вели дека неговата визија е потранспарентна Агенција и развој на руралната инфраструктура и преработувачката индустрија.
-Агенцијата има потреба од свежа крв, јас работев 3 години како шеф на кабинет во министерство за земјоделство на министрите Љупчо Николовски и Трајан Димковски и оваа проблематика ми е повеќе од позната. Агенцијата во последните 2-3 години успеа да воспостави ред во редовното и неселективно исплаќање на субвенциите. Дополнително, ИПАРД фондот доживеа вистинска ренесанса и од рекордна неискористеност во 2015, сега сме лидери на Западен Балкан. Мојата визија е потранспарентна Агенција споделување на успешни примери и развој на руралната инфраструктура и преработувачката индустрија.
Тој додава дека руралното станува модерно и сега е шансата тој тренд да биде поддржан од државата преку Платежната агенција.https://fokus.mk/noviot-direktor-na-agentsijata-za-finansiska-poddrshka-vo-zemjodelstvoto-potrebna-e-svezha-krv-ruralnoto-stanuva-moderno/