вестиМакедонијаТоп вести

Димковски и Бабовски во посета на Синпекс Битола

Земјоделската механизација клучна во развојот на агросекторот

 

При посетата на битолскиот регион Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Трајан Димковски и директорот на Агенцијата за финансиска  поддршка  на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски остварија средба со менаџерскиот тим на Синпекс ДОО Битола. На средбата се разговараше на актуелни теми во земјоделскиот сектор.

Синпекс Битола  е една од најголемите компании во нашата држава која е генерален застапник и дистрибутер на голем број светски  брендови.

-Синпекс  Битола е  компанија која  секогаш се грижи да им излезе во пресрет на потребите на  земјоделците. Преку програмите што се однесуваат токму на развојот на земјоделството, се обидуваме најновите техничко технолошки достигнувања да им ги доближиме на земјоделците. Ги информираме и ги советуваме како најлесно и најбрзо може да дојдат до земјоделска или приклучна механизација која им е најпотребна, велат од менаџерскиот тим на Синпекс.

Министерот Димковски даде уверување дека и во идниот период ќе спроведуваат политики што ќе значат прогрес за македонскиот земјоделец.

П.Ј.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close