Ново диетално „Пепси“ аспартам
Компанијата “Пепси” прави нов диетален пијалак со аспартам, околу една година откако го повлече вештачкиот засладувач, што беше маркетиншки чекор што го презеде поради безбедноста на корисниците.
Засладувачот е поврзан со рак кај лабараториските глувци, а извршните директори во оваа индустрија велат дека падот во продажбата се должи на загриженоста на луѓето за аспартам.
Сепак, ова беше погрешен чекор бидејќи корисниците не се задоволни од промената на вкусот поради тоа што веќе не го користат засладувачот.
Компанијата ќе почне да го продава новиот пијалок “дајет пепси класик свитенер” со аспартам оваа есен.
Но, “дајет пепси” и понатаму ќе биде засладен без аспартам.
Во меѓувреме, пијалокот “пепси макс” ќе биде претставен на пазарот во САД како “пепси зиро шугар” и ќе содржи аспартам.
“Корисниците сакаат да имаат избор за пијалоци, затоа ние го освежуваме пазарот во САД со трите опции кои ќе ги задоволат различните потреби и вкусови”, соопшти компанијата “Пепси”.
Кога компанијата во август го отстрани аспартамот од пијалоците, рече дека тоа го прави поради корисниците.
Компанијата “Кока кола” пред неколку години во рекламите во весниците ја бранеше безбедноста на засладувачот.
Вредноста на акциите на “Пепси” забележа пад од 2 центи и изнесуваше 101,96 долари во периодот на намалена продажба.
Вредноста на акциите се зголеми за повеќе од 7 отсто во текот на изминатата година.