ВестиМакедонијаТоп вести

Ново од Алпско: Кисело млеко и јогурт без лактоза

Ново од Алпско: Кисело млеко и јогурт без лактоза

Интолеранцијата на лактоза претставува се’ поголем проблем на модерното време, па се поголем број луѓе бараат алтернатива на млечните производи. Лакталис нуди различно и поефективно решение – да се избегне лактозата без да се исфрлат млечните производи од исхраната. Покрај млекото без лактоза, отсега на пазарот можат да се најдат кисело млеко и јогурт без лактоза од Алпско, информираат од Лакталис.

Последните неколку години дискусијата за интолеранција на лактоза се прошири од обичен разговор за стомачни тегоби и подуеност до глобална едукација за реален здравствен проблем кој секоја година зафаќа се’ повеќе луѓе. Околу 65% од светската популација покажува намалена способност за правилна дигестија на лактозата. Но, целосното исфрлање на млекото од секојдневната исхрана не претставува вистинско решение. Наместо тоа, Лакталис и Алпско имаат за цел да им понудат на своите потрошувачи повеќе опции за лесен ден.

Во текот на изминатата година потрошувачите беа едуцирани, а нивото на интерес и информираноста за интолеранцијата на лактоза се подигна на високо ниво. Оваа година, новите производи на Алпско, киселото млеко и јогуртот без лактоза, им даваат нова опција на сите оние кои патат од интолеранција на лактоза. Создадени од свежо млеко без лактоза и 1,5% млечни масти, тие претставуваат совршена рамнотежа од слатко-киселкаст вкус и се одлични во комбинација со овошје, житарки и вкусни пецива.

Исфрлањето на млечните производи од секојдневната исхрана воопшто не може да се смета како квалитетно и долготрајно решение, поради големиот број придобивки кои ги нуди млекото – почнувајќи од калциумот, кој е одличен за коските и забите, а завршувајќи со протеините кои даваат енергија и ги регенерираат мускулите. Наместо тоа, добро е да се знае дека на полиците во супермаркетите веќе има производи кои ги даваат истите бенефити, но без присуството на лактоза, која може да ви предизвика тегоби, болки и подуеност.

Безлактозните млечни производи на Алпско не се препорачуваат само за луѓето кои се интолерантни на лактоза. Напротив, тие претставуваат вистинска замена за стандардните млечни производи и се погодни за секого. Всушност, многумина дури и го преферираат значително послаткиот вкус на производите без лактоза, кој особено им се допаѓа на децата.

Она што треба да го направите е да ги следите крилјата на жолтата пеперутка и да ги пронајдете млечните производи без лактоза на Алпско во вашиот локален маркет. Млечни производи без лактоза – За лесен ден!

Поврзани новости

Back to top button
jojobet   betcio   betcio   betcio   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   betgaranti   spinco   betebet   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betgaranti   betganrati   betgaranti   spinco   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betgaranti   betebet   betebet   onwin   betebet   betebet   betebet   casibom   onwin   betpipo   marsbahis   grandpashabet   casibom