fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

НОВО!!!Николовски: Мелничарите набавија суровина по преполовена цена, да одговорат зошто сега бараат поскап леб

Николовски „удри“ по мелничарите - да одговорат зошто бараат поскапување на лебот

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски ги повика мелничарите да одговорат кои се аргументите и зошто некој би барал покачување на цената на лебот во време кога житото на светските берзи се продава по преполовена цена.

„Цените на житото на светските берзи годинава се преполовени. Мелничарите се снабдија со суровина која е преполовена, по цена од 11 денари, а не по цена од 20 денари. Затоа, треба да одговорат кои се аргументите, зошто некој би барал поскапување на лебот на грбот на граѓаните“,

е прашањето од Николовски упатено до мелничката индустрија.

Според него, ова е специфична година во која освен преполовената цена на житото, на светските берзи имало и стабилизирање на пазарот на електрична енергија за разлика од минатата година.

„Мелничката индустрија оваа година се снабди со суровина која е преполовена и фер и коректно е да не се шпекулира и шпекулативно да не се создаваат цени“,

рече Николовски на прес-конференција.

Тој додаде дека, Владата на денешната седница донела нови три мерки кои ќе се реализираат преку Интервентната програма и кои се насочени кон земјоделците зашто тие, како што напомена, се најпогодени.

„Ние и минатата година немавме поддршка од дополнителен еден, два или три денари за пченицата за откупот. Зошто? Затоа што цената откупна на пченицата беше и 20 и 22 денари зависно од самиот квалитетот. Дури ни такво барање не беше воспоставено. Се сеќавам дека дури и тогаш немаше зголемување на цената на лебот, а камоли сега кога зборуваме за преполовени откупни цени на пченицата. Нашата цел е државната поддршка да ја насочиме кон оние што беа најпогодени. Тоа не е мелничката индустрија. Тоа се производителите и нашата цел е да го задржиме и стабилизираме домашното производство на пченица и на долг рок да станеме увозно независна, на среден и на долг рок“,

додаде Николовски.

Новите три мерки што ги донесе Владата денеска се: три денари по килограм финансиска поддршка за земјоделците за остварено и предадено или складирано производство на пченица, по три денари за килограм произведен домашен сертифициран семенски материјал од прва и втора генерација на пченица и јачмен, по 35 денари за килограм домат произведен и продаден од 5 април – 31 мај, како и по 30 денари поддршка за краставици произведени од 5 април – 15 мај кога важеше одлуката за замрзнување на цените.

Николовски, објаснувајќи ги новите мерки, потсети и дека претходно беше донесена одлука за дополнителни 12 000 денари поддршка за јачменот за принос над три тони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close