вести

Се помалку овци, се повеќе свињи и кози во Македонија

ovci

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2016 година, во споредба со 2015, вкупниот број на говеда е зголемен за 0,5 отсто.

Бројот на говедата кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 1,3%, додека бројот на говедата кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е намален за 21,8%.

Бројот на свињите кај деловните субјекти во 2016 година, во споредба со 2015 година, е зголемен за 2.5%, додека кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 4.3%.

Намалување на бројот на овците е забележано во двата сектора, кај индивидуалните земјоделски стопанства за 0.7%, а кај деловните субјекти бројот на овци е намален за 16.2%.

Во истиот период, бројот на козите кај индивидуалните земјоделски стопанства е зголемен за 15.6%, а кај деловните субјекти е зголемен за 8.8%.

Бројот на живината во 2016 година, во споредба со 2015 година, е зголемен за 5.9%.


 

еМагазин

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close