fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Објавен е Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари

ВАЖНО ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ!

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, денеска го објави Јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над 3 хектари, по пат на електронско јавно наддавање.
Со овој Јавен оглас, се дава под закуп земјоделско земјиште во сопственост на државата со вкупна површина од 1.041ха 16ар 74м2 во повеќе региони во Република Северна Македонија.
Земјоделското земјиште кое е предмет на огласот во зависност од видот на земјоделската култура која ќе се одгледува, ќе се доделува во времетраење од:
-подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници) и оранжерии за период до 30 години,
-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
-одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејства за период до 15 години.
Повеќе информации на следниот линк:
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close