Објавен повикот за формирање на земјоделски задруги

(Oвој напис е објавен на: February 24, 2017)

Објавен нов повик за добивање на финансиска помош  за  земјоделски задруги.  За оваа намена земјоделците  на располагање имаат 330 илјади евра. 90 отсто од средствата кои ќе ги добијат како помош се неповратни.  Парите ќе  можат да ги користат за  основање  и функционирање на  земјоделски задруги,  за покривање на основните трошоци – административни и технички капацитети , за ангажирање на стручни лица, за плати за управителот на задругата  чиј примања  треба да биде колку што е просечната плата на РМ  исплатена во претходната година како и  за ангажирање на  едно од областа на земјоделските науки и ветеринарство.

objaven povikot za formiranje na zemjodelski zadrugi

 

Со средствата ќе се покриваат и трошоците за осигурување и тоа за малите  задруги до 70 отсто од трошокот, а кај осигурувањето на големите задруги  платежната агенција  ќе покрие до 80 проценти од трошокот за полисата.

– Ова е  добра  мерка и можност земјоделците да се  мотивораат да се здружат во земјоделски задруги , на тој начин ќе ги намалат трошоците за работење и  полесно да дојдат до нова механизација за работа.  Се надевам дека ќе има интерес од страна на земјоделците,  рече  Ефтим Шаклев- претседател на асоцијација на земјоделци.

Подршката се исплаќа квартално по поднесување на барањето за исплата. За прв квартал најдоцна до 15 април, за втор до 15 јули и за трет квартал  до 15 октомври и за четвр квартал најдоцна до 31 декември.

Досега со оваа финансиска  подршка основани се околу 30 земјоделски заедници.

Share Button