Во Македонија се продава квалитетен мед

(Oвој напис е објавен на: March 16, 2017)

med

Домашниот и увозниот мед, според Агенција за храна ги задоволуваат критериумите за безбеден производ. Тие редовно се котролираат и лани имало само една пратка на органски мед кој бил уништена поради непоседување на уредна документација.

Агенција за храна ги негира мислењата во јавноста за неквалитетот и тврди дека увезениот мед е безбеден и ги исполнува сите законски услови за продажба во Македонија.

Се контролира секоја увезена тегла мед во земјава, одгледувачите на пчели, и трговијата со другите пчелни производи. Минатата година при проверките на безбедноста, квалитетот и означувањето на медот, не се констатирани неправилности.

Лани биле увезени 190 тони мед, од Молдавија, 61 од Србија и помали количества од Франција. Уништена е само една пратка со органски мед, од 270 килограми, со потекло од Британија, заради отсуство на ветеринарно здравствен сертификат, кој треба задолжително да ја придружува секоја пратка.

До Агенцијата лани биле поднесени само две претставки од потрошувачи кои се однесувале на квалитетот на медот и по извршената контрола е констатирано дека претставките се неосновани.

Во моментов во земјава постојат 11 одобрени објекти за откуп и за пакување мед.


 

мртв

Share Button